Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Христијан Ниневски од Козле по втор пат го фати крстот во Скопје

Дваесет и шест годишниот Христијан Ниневски од Скопје беше најсреќниот од 130-те…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дваесет и шест годишниот Христијан Ниневски од Скопје беше најсреќниот од 130-те верници кои скокнаа по крстот во осветените води на Вардар во центарот на Скопје. Тој и лани беше најсреќен.

Годинава тој по седми пат скока по Светиот крст по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици. На сите верници им посака среќа и бериќет, а радоста ја сподели со пријателите со кои храбро влегоа во студената речна вода.

– Чувството е прекрасно, Бог се јави! Минатата година ми донесе синче, здравје, среќа на мојата фамилија, тоа им го посакувам на сите. Посакувам секоја година што поголем број да бидеме и Бог да даде сите што скокаат по крстот да го осетат ова чувство. Минатата година добив икона, библија, крст и ланче, рече 26-годишниот Ниневски во изјава за медиумите.

Реклама

Светиот крст го фрли поглаварот на МПЦ, архиепископот г.г. Стефан точно на пладне од мостот „Слобода“ во близина на црквата Богородица. Според верувањата, оној кој ќе го фати крстот ќе го прати среќа и здравје во текот на целата година. Верниците брзаа да го бакнат крстот.

Чинот на фрлањето дојдоа да го голем број граѓани, распоредени од двете страни на Вардар.. Архиепископот зборуваше за значењето на празникот – „Бог се јави, навистина се јави, ги поздрави верниците.

Претходно, поглаварот на МПЦ богослужеше Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“. Инаку, на овој ден се верува дека е крстен Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Свети Јован.

Празникот уште се нарекува и Водици кој се празнува уште од вториот век. Во водите се фрла крстот, тие се осветуваат и стануваа лековите. Со празникот завршуваат 12-те т.н. некрстени денови и зимските празници.

Борис Грујоски