Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Хрисохоидис: За новиот систем на границите добив поплаки од моите колеги од Македонија и Србија, но за жал мора да се имплементира

Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива, бидејќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена, посочи министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис говорејќи за системот за биометриска регистрација на државјани на трети земји на граничните премини и нагласи дека за ЕЕС системот „добил поплаки од неговите колеги од Северна Македонија и Србија“.

Министерството за заштита на граѓаните е надлежно за полицијата во Грција, како и за контролите на граничните премини, а од Халкидики, каде што одржа состанок во пресрет на летната сезона, Хрисохоидис се осврна и на ЕЕС системот и рече дека прашањето со биометриската регистрација на границите има два аспекти, едниот е самиот процес, а другиот, застарената грчка инфраструктура.

– Знам дека има поплаки. Имам добиено поплаки и од моите колеги од Северна Македонија и Србија. Станува збор за прашање што има два аспекти. Првиот се однесува на новиот начин на влез во земјите на Европската Унија, т.н Entry-Exit систем. Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива и, многу ми е жал, што сето ова во првата фаза предизвикува доцнење, кое не се должи на недостиг на персонал, а и да постои празно место дури и на еден полицаец, ќе се пополни. Но, проблемот, повторувам, е двоен: прво, процедурите што бараат некое време и не можеме да ги прескокнеме, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена, што значи дека секој државјанин од трета земја, како и полицаецот што го контролира, треба да потроши неколку секунди или минути. А второ, за жал, како што веќе знаете, нашата инфраструктура, реално е застарена и треба обновување, објасни Хрисохоидис.

Реклама

Додаде дека веќе се гради новиот граничен премини Кипи (кон Турција), посочувајќи дека новите инфраструктури ќе го олеснат проблемот.

За време на состанокот бил претставен и оперативниот план за туристичката сезона, кој предвидува дополнително засилување на полициските сили во сите сектори, како и во сообраќајната полиција и соопшти дека во пресрет на летото полициските единици на Халкидики ќе се зајакнат со околу 200 полицајци, со цел „дополнително зајакнување на чувството на безбедност кај граѓаните и кај милионите посетители кои се очекуваат во текот на летниот период“.

– Сите служби целосно да ги покријат своите потреби, 24 часа дневно, цела недела, во текот на сите месеци кога ќе има зголемен број посетители во регионот – рече министерот.