Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Хоџа – Јаупај: Продолжува соработката за заштита на природата и одржлив развој на регионот

Можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји во областа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји во областа на заштитата на животната средина, со посебен акцент на заедничката одговорност за зачувување на природното и културното богатство на регионот, беа разгледани на денешната средба меѓу министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и неговиот албански колега Софјан Јаупај, кој престојува во Скопје по повод учеството на меѓурегионалната средба на главните преговарачи и високи претставници задолжени за европската интеграција.

Министрите, информираат од МЖСП, разговараа и за конкретни чекори и иницијативи за продлабочување на билатералната и регионалната соработка, во насока на одржлив развој и подобрување на квалитетот на животната средина.

Во пресрет на министерскиот состанок за зелената агенда за Западен Балкан, кој ќе се одржи неделава во Црна Гора, Хоџа и Јаупај ја потврдија определбата за реализација на заеднички активности во согласност со споделената визија за одржлив регион, интегриран во Европската Унија.