Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Хоџа: Одржливото управување со водите е дел од европската агенда

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска се обрати на сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија, посветена на европските политики за водите во услови на климатски промени. Во своето обраќање министерот истакна дека водата денес се третира како прашање на безбедност, економски развој, јавно здравје и квалитет на живот. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска се обрати на сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија, посветена на европските политики за водите во услови на климатски промени.

Во своето обраќање министерот истакна дека водата денес се третира како прашање на безбедност, економски развој, јавно здравје и квалитет на живот. Тој нагласи дека новите европски политики ја позиционираат водата како стратешки ресурс и клучен фактор во климатската адаптација и одржливиот развој.

– За нас, ова е и обврска и можност – да го забрзаме усогласувањето со европските стандарди и да ги унапредиме реформите за поефикасно и поодржливо управување со водните ресурси – истакна Хоџа.

Реклама

Министерот посочи дека климатските промени веќе имаат директно влијание преку суши и поплави, кои вршат притисок врз водните ресурси, земјоделството и екосистемите. Во тој контекст, тој го нагласи значењето на интегрираниот пристап, кој ги поврзува политиките за животна средина, земјоделство, енергетика и просторно планирање.

Во своето обраќање Хоџа стави посебен акцент на дигитализацијата на управувањето со секторите за вода во рамките на институциите, како и на инвестициите во природно базирани решенија, кои претставуваат клучен дел од долгорочната климатска отпорност. Канцеларија за комуникација со јавност на Министерство за животна средина и просторно планирање