Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Хоџа и Солстром во посета на Националниот парк Пелистер: МЖСПП останува посветено на заложбите за долгорочна заштита на природното наследство

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и заменик министерката Ане Лашкоска денеска беа во посета на Националниот парк Пелистер, заедно со амбасадорот на Шведска, Ола Солстром. За време на посетата, информираат од МЖСПП, директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски, информираше за активностите што се спроведуваат за заштита на природните вредности на најстариот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и заменик министерката Ане Лашкоска денеска беа во посета на Националниот парк Пелистер, заедно со амбасадорот на Шведска, Ола Солстром.

За време на посетата, информираат од МЖСПП, директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски, информираше за активностите што се спроведуваат за заштита на природните вредности на најстариот национален парк во државата. Посебен акцент се стави на зачувувањето и обновувањето на шумите од молика – ендемичен вид и еден од најпрепознатливите симболи на Пелистер.

Министерот Хоџа ја поздрави иницијативата на ЈУ Национален парк Пелистер за примена на современи пристапи во управувањето и заштитата на шумските екосистеми и ја потврди поддршката на Министерството за понатамошно унапредување на капацитетите на паркот.

Реклама

Во таа насока, Хоџа најави дополнителна поддршка за Националниот парк Пелистер, преку инвестиција во современ објект за рана детекција и следење на шумски пожари.

Најави дека МЖСПП останува посветено на заложбите за долгорочна заштита на природното наследство и справување со последиците од климатските промени.