Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Хоџа на Меѓународен форум за води: Потребни се заеднички решенија за климатските предизвици

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на министерската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на министерската тркалезна маса на 5. Меѓународен форум за води што се одржува во Истанбул, Република Турција. Во своето обраќање, тој ја нагласи важноста на одржливото управување со водните ресурси, во контекст на актуелната геополитичка состојба  и сè поизразената климатска криза.

Хоџа информираше дека Македонија активно ги следи европските стандарди во управувањето со водите, вклучително и имплементацијата на Рамковната директива за води на Европската Унија.

Министерот, како што информира неговиот Кабинет, ја нагласи неопходноста од регионална соработка, посочувајќи дека ниту една држава не може самостојно да одговори на овие предизвици.

Реклама

-Потребни ни се заеднички решенија, засновани на податоци, размена на искуства и координирано делување. Ова не е избор, туку неопходност, истакна Хоџа.