Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ѓурчевски: Неовластено следење е кршење на човекови права, тоа не е демократија

Тајното неовластено следење е шокантно, кршење на човековите права и за тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тајното неовластено следење е шокантно, кршење на човековите права и за тоа нема место во една демократска држава. Експертите повикуваат на одговорност на вмешаните во скандалот со следењето на премиерот – за што тој вчера со документи зборуваше на собраниска говорница… Според познавачите ова ја разоткрива политичката злоупотреба на безбедносните служби и манипулација со државните институции од страна на поранешната власт.

Откако Христијан Мицкоски обелодени детали како тој и партиски функционери биле следени од безбедносните служби, се одмотува клопчето на сериозната партизација на институциите. Означен  како „финансиер на параполициска воена формација составена од радикални националисти“, безбедносните служби го прателе секој чекор на Мицкоски. Според поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчевски, со ова поранешната гарнитура покажала насилно владеење.

Кога станува збор за опозициони лидери, тоа значи дека немаме демократско владеење туку насилно, апартхејдно. Таа власт, поданичка, која сакаше да го скрие она што го направи, велепредавство, капитулација и ставање на Македонија во незавидна состојба во однос на други земји, го правеше ова. Мора да има одговорност бидејќи нарачателите биле позиционирани во МВР, односно поранешниот министер за внатрешни и поранешниот премиер, вели Ѓурчевски.

Реклама

„Цилиндар“ и „Џокер“ се кодните имиња на измислените лица кои, според премиерот, се креирани од разузнавачките служби, во пресрет на изборите во 2020 година, кога беше во опозиција, со цел да создадат алиби за негово следење. Дури и семејството на Мицкоски било на мета: Безбедносните служби ги следеле секој нивен чекор, со цел да создадат атмосфера на страв и подложност, во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција.

Ова според Ѓурчевски го покажува политичкото влијание врз агенциите за безбедност, за разузузнавање и оперативно техничката агенција и непрофесионалното работење.

Тој таму е претставен со тешко кривично дело, дека организирал и финансирал група која се спротивставувала на уставниот поредок, на уставното уредување. Таму е отидено со крајна злоупотреба на службената положба во безбедносните служби. Тие структури без професионалниот дел на АНБ, АР, ОТА, после 2017 и лошата кадровска политика со несоодветни критериуми направија партизација на институциите, додава Ѓурчевски.

Изворот давал информации дека параполициска воена формација, составена од македонски радикални екстремни државјани во предизборие ќе вршат закани за да обезбедат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и нарачател на ова бил Мицкоски.

Го следеле на планината Водно но и во манастирот Свети Јован Бигорски, бидејќи изворот тврдел дека Мицкоски одржувал средби за нарушување на безбедноста на Македонија. Премиерот најави суштински реформи во службите, и одговорност за сите инволвирани.