Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Ѓурчевски: МВР и Обвинителството турбо работат, истрагата може да се прошири и кај други функционери во МВР

Дали истрагата за несреќата во Кочани ќе се прошири и ќе ги…

Сподели:

Дали истрагата за несреќата во Кочани ќе се прошири и ќе ги опфати и разрешените полициски началници и командири од СВР Штип и ОВР Кочани, или пак ќе се прошири и со други службеници од МВР е дилема која во јавноста остави простор за дебата и политички препукувања околу селективноста на истражните дејствија што ги преземаат обвинителите.

Иако по две недели од кобниот пожар, седуммина началници и командири од Кочани и Штип се разрешени за да не влијаат на истрагата, а нивните претходници кои давале согласност за лиценцата на нелегалното кабаре се зад решетки, сепак политички опоненти прстот го вперуваат во власта, без да остават простор Обвинителството да си ја заврши работата, коментира поранешниот началник и експерт за безбедност, Љубомир Ѓурчевски.

Тој вели дека премногу е рано да се зборува за селективност бидејќи на Обвиниетлството за организиран криминал и Секторот за внатрешна контрола на МВР турбо работат и допрва ќе видиме колку луѓе од МВР ќе се соочат со кривична одговорност за несреќата во која животот го загубија 59 млади луѓе, а околу 200 беа повредени.

Реклама

Според истрагата, имало пријави во полиција за кривични дела и нарушување на јавен ред и мир, но и покрај тоа во 2023 година била издадена лиценца, а притворените полицијци дале позитивно мислење дека дискотеката „Пулс“ ги исполнува сите услови.

Кој се од МВР постапувал или премолчувал и ќе се соочи со одговорност ќе покаже истрагата на Секторот за внатрешна контрола на МВР и Обвинителството за организиран криминал. Засега, нема простор да се верува дека некој ќе биде заобиколен, коментира Ѓурчевски. И Јавното обвинителство даде наредби сите институции да извршат проверки кој постапувал незаконски.

За најголемата трагедија што се случи во Македонија отворени се две истраги. Едната ја води Државното обвинителство со екипа од 11 обвинители кои ги истражуваат сите надлежни институции поврзани со документацијата и работењето на кочанската дискотека. Опфатени се 27 луѓе, од кои 24-рица се во притвор, а тројца во куќен, двајцата поранешни градоначалници на Кочани и поранешната директорка на пазарната инспекција. Другата истрага ја води Обвинителството за организиран криминал којашто опфати седум началници и командири од Штип и Кочани кои дале согласност за лиценцата на „Пулс“. Сите седуммина се во 30 дневен притвор во Шутка.