Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Ѓурчевски: Корупцијата копа длабоко и во МВР, полицајци се на платен список на криминалните групи

Корупцијата копа длабоко и во МВР. Јавна тајна е дека дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Корупцијата копа длабоко и во МВР. Јавна тајна е дека дел од полициските службеници се на платен список на криминалните групи, и работат во нивна полза наместо во расчистувањето на престрелките за превласт на територија, продажба на наркотици или пак нерасчестени должничко доверителски односи. Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, вели со право се поставува прашање, дали од десетина убиства кои се случија изминативе години во Скопје или надвор од Македонија,  полицијата навистина нема докази бидејќи се работи се професионални убијци или пак службениците замижуваат пред доказите:

  • Ние секогаш кога зборуваме за организираниот криминал, мораме да ја имаме предвид спрегата помеѓу власта и организираните криминални групи. Високиот степен на корупција кој што владее во Македонија, и точно поради тоа сме многу тенки во извлекување на оперативни сознанија односно индиции кои што во понатамошната фаза ќе се развиваат во истрагата за да се обезбедат докази и тие кривични дела да се расчистат односно да се дојде до убијците. Односно да се дојде до вистинските мотиви за тие кривични дела пресметки“ вели Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР .

Министерот Оливер Спасовски призна дека МВР нема докази за убиствата кои се случија во Чаир, Бутел, Шира Бар, на Рузвелтова и во хотелот „Александар Палас“, а кои како што вели се поврзани со истите мафијашки банди, а истовремено се фали со многу поголем број расчистени кривични дела. Но, според Ѓурчевски статистиката се злоупотребува за политички цели, а не за она што навистина треба да служи.

  • Доблесно е тоа што он признава дека во полицијата, но и во сите останати кои што му служат на обвинителството во предистрагите и истрагите, апсолутно немаат ништо направено во последните 7 години, бидејќи тие убиства се во последните 5-6 години..Овде имаме класична злоупотреба на статиситката како наука во политички цели, наместо статистиката, да ја искористиме за планирање на службите да делуваат по време и место на сторување на кривичните дела“ вели Ѓурчевски.

Според состојбата на терен, билтенот на МВР секојдневно се полни со убиства случени како резултат на семејно насилство, или, пак нарушени соседски односи поради различни причини, па оттука инспекторите од крвни деликти го знаат убиецот веднаш по убиството.

Реклама

Јетон Кривањева викан Жила, Енес Исеини, браќата Камен и Јонус Идризи, двете лица во Топанско поле кои беа изрешетани од калашников, Најим Ајети, во кого се пукаше на Рузвелтова пред 5 години, се неоткриените убиства за кои јавно се зборува дека се дел од криминалното подземје, а сега и официјално се знае дека истражните органи немаа докази за да ги расчистат.