Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Групна изложба „Да се мисли со материјата: Четири лекции од водата и земјата“ во КСП Центар-Јадро

Во КСП Центар-Јадро вечер во 19 часот ќе биде отворена групната изложба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во КСП Центар-Јадро вечер во 19 часот ќе биде отворена групната изложба „Да се мисли со материјата: Четири лекции од водата и земјата“, во рамки на меѓународниот проект „Семиња на солидарноста – Уметнички практики и екофеминистички сојузи за грижлива иднина“.

На изложбата ќе бидат претставени уметничко-истражувачките практики на Валбона Фејза, Христина Крстеска, Ивана Самандова и Викторија Попоска. Поставката е курирана од Јованка Попова и организирана од Проектен простор „Прес ту егзит“, а за посетителите ќе биде отворена до 14 септември.

Како што информираат организаторите, изложбата ги истражува односите меѓу човекот и природата преку конкретни места, материјали, локални истории и знаења, со акцент на меѓузависностите што ги поврзуваат луѓето со природната средина.

Реклама

Насловот „Да се мисли со материјата“ упатува на поинакво разбирање на материјата, не само како ресурс или предмет на уметничко истражување, туку и како носител на сопствени истории и сведоштва за промените во животната средина и последиците од човековото дејствување.

Преку теренска работа, документација, разговори и непосредна работа со различни материјали, авторките отвораат прашања поврзани со исчезнувањето на локалните знаења и практики, екстракцијата на природните ресурси, загадувањето и прекумерната потрошувачка.

Изложбата е дел од програмата „Училиште за грижливи иднини во Скопје“, што ќе се одржува од 10 до 12 септември. Настанот ја означува првата фаза од повеќегодишниот меѓународен проект „Семиња на солидарноста – Уметнички практики и екофеминистички сојузи за грижлива иднина“, реализиран во соработка со партнери од Австрија, Косово и Србија.