Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Прилози

Групацијата 4ig и Space x склучија прв договор во европа-договорот носи бенефит и за македонија

Унгарската телекомуникациска групација 4 ig и американската компанија spacex склучија договори за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унгарската телекомуникациска групација 4 ig и американската компанија spacex склучија договори за воведување на услугите starlink mobile и sovereign solutions во европа, со кои, како што соопштија компаниите, се отвора можност за нова генерација сателитска поврзаност. Договорите беа потпишани во Тексас, САД, од страна на претседателот и главен извршен директор на групацијата 4ig, Гелерт Јасаи, и претседателката и главна оперативна директорка на spacex, Гвин Шотвел.

Според најавите, групацијата 4ig планира да ја воведе во комерцијална употреба услугата starlink mobile, која ќе ги надополнува постојните мобилни мрежи во подрачја со ограничена покриеност. Според соопштението, услугата starlink mobile v2 е планирана за воведување во Унгарија, Албанија, Црна гора и кај нас во Македонија. Ова е јасен сигнал дека македонија е меѓу пазарите каде се очекува развој на оваа технологија која овозможува директно поврзување на компатибилни мобилни уреди со сателитската мрежа starlink, без потреба од дополнителна сателитска опрема, со цел подобрување на достапноста на комуникациите во оддалечени региони и во ситуации кога традиционалната мобилна инфраструктура е недостапна.

Реклама

Ова практично ќе значи дека инвестицијата на 4 ig  која преку One Mакедонија веќе почна да инвестира во државава ќе оди чекор подалеку. One Mакедонија го стартува инвестицискиот циклус тежок 100 милиони евра, а компанијата Ериксон ќе ја изгради новата 5 г мрежа. Првата комерцијална 5 г покриеност треба да започне до март 2027 година, а мрежата постепено да се проширува низ државата. Starlink mobile нема да ја заменува оваа инфраструктура туку само ќе ја надополнува.

Идејата е таму каде што нема сигнал од one базна станица, на планина, во рурално место, покрај езеро или при прекин на мобилната инфраструктура, телефонот потенцијално да може да продолжи да комуницира преку starlink. Покрај комерцијалната сателитска поврзаност, договорот на 4 иг и спејс икс опфаќа и развој на решенија за безбедни сателитски комуникациски услуги наменети за потребите на националната безбедност и критичната инфраструктура.