Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Грозданов: Поддршката од граѓаните ме охрабрува да работам на тоа Кочани повторно да се исправи 

Владко Грозданов, кандидат за градоначалник на општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владко Грозданов, кандидат за градоначалник на општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека постигнувањето на цензусот е доказ за достоинството и чесноста на граѓаните на Кочани. Грозданов искрено им се заблагодари на своите сограѓани за поддршката, потенцирајќи дека резултатот не го воздигнува, туку го охрабрува да работи уште посилно, посвесно и почесно. Тој порача дека само преку заедништво, отворена комуникација и заедничка одговорност може да се создаде подобра иднина за сите.

,,Ова е една од најтешките изборни трки во историјата на Кочани. Една трка со најголем товар, како за мене така и за моите противкандидати. Но, сепак моите кочанчани, моите сограѓани, се одважија и пред се со постигнувањето на цензусот за легитимност на изборите покажаа дека се достојни и чесни и секако со самиот резултат кој го доделија во моментот ја покажаа својата визија за иднината“, вели Грозданов.

Грозданов им се заблагодари на сограѓаните за поддршката, истакнувајќи дека таа го охрабрува уште посилно и поодговорно да работи. Тој порача дека само со обединување и заедничка работа може да се обезбеди подобра иднина за Кочани.

Реклама

,,Со овој резултат, моите сограѓани ми дадоа една поддршка, но тоа не ме воздигнува, туку напротив ме охрабрува што посилно, попосветено, почесно да се посветам на ова. Доколку бидам избран за иден градоначалник на Кочани, заедно со нив, сплотени, чесно, одговорно, со комуникациски методи помеѓу нив, едноставно мора да се сплотиме и заедно да продолжиме сите. Претстои иднина за нашите деца, претстои иднина за Кочани. Кочани мора да се исправи“, рече Грозданов.