Реклама

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Македонија

Грозданов: Ќе покажеме дека можеме поинаку, Кочани заслужува нов почеток

Стојам денес пред вас со една единствена, но силна порака. Време е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стојам денес пред вас со една единствена, но силна порака. Време е Кочани да се разбуди. Доста беа празни ветувања, доста беа милиони суми. Доста беше застој и разочарување, време е да веруваме во сопствените сили, во нашиот народ, во нашите луѓе. Кочани има големо срце, има вредни луѓе, има млади што сонуваат и сакаат да останат овде. Има земјоделци што работат и се што се борат. Има семејства што го заслужуваат најдоброто. Токму тие луѓе се мојата најголема мотивација, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани, јас не влегувам во трка за политика, туку за промена. За чисти улици и за уреден град, за нови работни места, за можности, за сите. За да изградиме Кочани во кое сакаме да живееме, и да останеме.

Почитувани, јас како кандидат и овој тим позади мене ја има целосната поддршка од Владата на Република Македонија. Има тим со чесни луѓе, вредни и стручни. Ќе покажеме дека можеме поинаку, со работа, со одговорност, и со љубов кон градот.

Реклама

Верувам во вас, верувам во Кочани, верувам дека повторно ќе станеме пример.

Ќе го изградиме градот, во достоинство и заедништво. Заедно можеме да го направиме тоа, да го подигнеме гласот за промената, да го подигнеме Кочани. Кочани заслужува повеќе, Кочани заслужува нов почеток.