Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Економија

Грејната сезона почнува утре, две недели порано поради пад на температурите

Поради ниските температури, грејната сезона започнува утре. АД ЕСМ која управува со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради ниските температури, грејната сезона започнува утре. АД ЕСМ која управува со скопските топлани, информира дека радијаторите во главниот град ќе бидат топли две седмици пред стандардниот почеток на грејната сезона на 15-ти октомври. Согласно регулативата, во вакви случаи има можност грејната сезона да стартува порано од предвиденото, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С. Според Управата за хидрометеоролошки работи, прогнозираната средна надворешна температура за утре е 10 целзиусови степени со што се исполнети условите за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија.

„Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, за 2 октомври е прогнозирана средна надворешна температура од 10˚С со што се исполнети условите за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ. Исто така, сè до 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавува информација дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден“ – АД ЕСМ Снабдување со топлина.

Дополнително, АД ЕСМ апелира до сите корисници да ги завршат потребните поправки на своите внатрешни грејни инсталации бидејќи редовното одржување е нивна обврска. Заедниците на сопственици пак, треба да обезбедат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници и редовно електрично напојување во топлинската станица. Тоа значи дека треба редовно да се плаќаат сметките за струја и да се обезбеди функционална електрична инсталација. Завршените интервенции треба да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи. Исто така, сите потрошувачи можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на затворени објекти без услови за испорака на топлина, кој е достапен на линкот „Затворени објекти – ЕСМ Снабдување“. Во Скопје преку АД ЕСМ Снабдување со топлина, парно греење имаат 62.600 активни потрошувачи.