Грција се подготвува, во текот на оваа недела, да ѝ ги предаде на Бугарија посмртните останки, што му се припишуваат на цар Самуил, пренесоа бугарски и грчки медиуми.
Со тоа, би завршиле повеќедецениските разговори меѓу Софија и Атина за останките, пронајдени на островот Свети Ахил, во Малото Преспанско Езеро. Според информациите на одредени грчки портали, ова прашање со децении било предмет на разговори меѓу двете земји, без конечно решение.
Една од пречките била потребната согласност од Грчката православна црква. Според најновите информации што ги пренесуваат грчките медиуми, таа дозвола сега е обезбедена.
Премиерот на Бугарија – Румен Радев, нагласи, изјави дека во сабота, на 3-ти октомври, ќе биде во Музејот на византиската култура во Солун, каде, на церемонија што ја организира премиерот на Грција, посмртните останки на цар Самуил официјално ќе бидат предадени на бугарската држава.
Тој информираше дека по нивниот транспорт со авион до Софија, тие ќе бидат положени во посебен саркофаг, во црквата „Света Софија“.

