Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Грчки медиуми: Победа на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и во вториот круг од локалните избори

„Македонија: Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ е големиот победник и во вториот круг од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Македонија: Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ е големиот победник и во вториот круг од локалните избори“, е насловот на текстот на грчката новинска агенција АНА-МПА за вчерашните избори кај нас, текст преземен од голем дел од онлајн изданијата на медиумите во Грција.

АНА-МПА потсетува дека втор круг се одржа во 33 општини, а во 44 беше избран градоначалник во првиот круг од изборите на 19 октомври 2025 година. 

Медиумите во Грција коментираат дека „ВМРО-ДПМНЕ победи во 21 општина во вториот круг, како и во град Скопје, а опозициската СДСМ предводена од Венко Филипче само во три.

Реклама

– Вкупно, ВМРО-ДПМНЕ победи во 54 општини низ целата земја, вклучувајќи ги сите големи општини во кои доминира словенско население, додека СДСМ во само шест мали општини, пишува АНА-МПА и паралелно го пренесува ставот на лидерот на владејачката партија Христијан Мицкоски, дека станува збор за „голема победа“ на ВМРО-ДПМНЕ.

Грчките медиуми се осврнуваат и на албанскиот блок, споменувајќи ја победата на ВРЕДИ во осум општини, додека „опозициската албанска коалиција Национална алијанса за интеграција, предводена од најголемата албанска партија во Македонија, ДУИ, на Али Ахмети, излезе ослабена од овие локални избори“.

Паралелно, коментираат и дека излезноста во вториот круг беше околу 45 отсто.