Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Македонија

Граѓански здруженија бараат поништување на владиниот повик за финансиска помош на невладиниот сектор

55 граѓански здруженија се здружија против, како што велат спорната и скандалозна…

Сподели:

55 граѓански здруженија се здружија против, како што велат спорната и скандалозна распределбата на државни пари за проекти поврзани со Ковид 19 кои дел од невладините ги добија во ек на кампања. Обвинуваат оти Комисијата само претрчала преку проектите без детално и суштински да ги разгледа. Дополнително велат меѓу добитниците на буџетски пари имало и такви кои не ги исполнувале условите, односно биле тазе формирани иако огласот наложувал да работат најмалку две години. Поднеле приговор до премиерот, но одговор не добиле. Бараат поништување на одлуката.

„Зошто наши членови кои што се избрани во Советот да оценуваат наши колеги од граѓанскиот сектор. Ги става во неповолна позиција оние организации кои се и членки на Советот да бидат наградени со пари. Тоа е чист конфликт на интереси. Второ има организации кои што основниот услов не го исполниле, да бидат две години регистрирани. И трето, како може некој човек за 3,48 минути да симне, прочита и евалуира, односно оцени еден проект. Тоа се трите прашања, кога ќе одговорат чесно ќе им поверуваме“, вели Душко Христов од здружението
„Храна за сите – Банка за храна МК“.

Инаку, Управниот суд пред три дена пресече – одлуката за финансиска поддршка била донесена во време на вонредна состојба, а тоа дека исплатата се случила во ек на кампања според судите било ирелевантно. Со тоа падна во вода одлуката на Антикорупциска да отвори предмет за незаконско – предизборно финансирање од буџетот.

Реклама

„Имајќи во предвид дека во овој период всушност се забранува исплаќање на плати, пензии, социјална помош и други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства и од средства на јавни фондови кои не се редовни, затоа ДКСК го прифати приговорот на подностителот“, рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Сепак, антикорупционерите, ќе утврдуваат по кои критериуми се делеле парите. Сметаат дека на листата организации имало и такви кои ем работеле профитабилно, ем земале субвенции, па дури и здруженија чии потписници се избрани и именувани функционери.

Биљана Божиновска