Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Граѓаните и министерот Тошковски бараат одговорност за хаосот со пасошите

Осуда и барање одговорност. Граѓаните се револтирани откако пратениците од мнозинството го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осуда и барање одговорност. Граѓаните се револтирани откако пратениците од мнозинството го притиснаа црвениот тастер и оневозможија да се продолжи важноста на пасошите. Решението им беше ставено на маса, но се одлучија да продолжат да го крадат сопствениот народ, се дел од реакциите на граѓаните.

Власта се правда дека се кршел меѓународен договор и затоа гласале против,но граѓаните ги прашуваат пратениците од СДСМ и ДУИ  како се продолжи важноста на личните карти и возачките, а зошто тоа не може да се направи и за пасошите?

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вели мора да има одговорност. Тој забележува дека Македонија е единствената земја заедно со Северна Кореја каде граѓаните се заробеници во сопствената држава. Според Тошковски проблем не прават земјите членки на ЕУ и од соседството, туку македонската власт сама бара тие да бидат неважечки и автоматски ги кочи своите граѓани.

Реклама

“Ветото Македонците да бидат затворени во државно домашен притвор е дадено од СДСМ и ДУИ.Тоа има име и презиме.Дури и ЛДП собра храброст да достави предлог кој е коалициски партнер на СДСМ.Дури и тој предлог е разумен и ќе го реши проблемот за разлика од нивното немање памет  во делот на решавање на проблемот на македонските граѓани и нивни соседи бидејќи за семејствата си извадиле пасоши.За наши луѓе за Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми кои имаат македонско државјанство.Што е виновен народот што 630.000 граѓани со активни пасоши не можат да излезат од државата” – вели техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

Со гласањето против предлог измените на законот за пасоши ДУИ и СДСМ оставија 650.000 Македонци во државен притвор, и уште стотина илјади заглавени во странство.