Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Градската спортска сала во Делчево преминува во трајна сопственост на Општината, наскоро почнува реконструкцијата

Градската спортска сала во Делчево, која се наоѓа во рамки на спортскиот комплекс покрај фудбалските терени, со одлука на Владата е дадена на трајно користење на Општина Делчево без надомест, со што конечно се решава долгогодишното прашање за статусот на објектот. Одлуката, донесена на 5 јуни и објавена во „Службен весник на Македонија“, опфаќа повеќе […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градската спортска сала во Делчево, која се наоѓа во рамки на спортскиот комплекс покрај фудбалските терени, со одлука на Владата е дадена на трајно користење на Општина Делчево без надомест, со што конечно се решава долгогодишното прашање за статусот на објектот.

Одлуката, донесена на 5 јуни и објавена во „Службен весник на Македонија“, опфаќа повеќе делови од објектот со различна намена и површина, кои отсега ќе бидат под надлежност на локалната самоуправа.

Со тоа, по речиси 30 години, недоизградената спортска сала, која беше оставена да пропаѓа и да го нарушува изгледот на спортскиот комплекс, добива можност да биде ставена во функција и да стане современ простор за развој на спортот во Делчево.

Реклама

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, оцени дека станува збор за значаен чекор кон подобрување на условите за спорт и реализација на долгогодишните барања на спортистите, спортските клубови и граѓаните.

– Во име на Општина Делчево и од мое лично име изразувам благодарност до Владата за препознавање на потребата овој објект да премине во локална надлежност и да се стави во функција. Со овој чин се враќа надежта дека со заедничка работа можеме да ги обновиме вредностите што со години беа запоставени и да создадеме подобри услови за идните генерации, изјави Гоцевски.

Паралелно со решавањето на имотно-правниот статус, во тек е и тендерската постапка на Министерството за спорт за реконструкција на градската спортска сала. Според најавите, до крајот на месецот се очекува да биде избран изведувачот, по што треба да започнат градежните активности за целосна обнова на објектот.