Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Јакупоски, посака учебна година исполнета со одлични резултати и нови успеси

Во Општина Маврово и Ростуше новата учебна година почна за над 350…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Маврово и Ростуше новата учебна година почна за над 350 основци и среднишколци, на кои градоначалникот Онер Јакупоски им посака успех, посебно на првооделенците кои за првпат зачекоруваат во светот на знаењето. 

-На сите ученици, а особено на нашите драги првачиња кои денеска го прават својот најважен чекор во образованието, им посакувам многу здравје, среќа и неисцрпен успех во усвојувањето на новите знаења. На наставниците им посакувам инспирација и трпение во нивната благородна мисија, а на родителите да бидат горди на достигнувањата на нивните деца. Нека оваа учебна година биде исполнета со одлични резултати и нови успеси за сите нас, посака  градоначалникот Јакупоски.

Тој на првачињата им подели училишни ранци и прибор, а ќе добијат и по 6 илјади денари паричен надоместок.

Реклама

Поради масовната миграција во оваа општина години на ред се намалува бројот на првачињата и воопшто на учениците, како во четирите основни училишта, така и во гимназијата.

-Во прво одделение, според матичната книга на родени требаше да се запишат 195 а се запишани само 18 ученици, или девет помалку од минатата учебна година. Од нив две се во ООУ„Јосип Броз Тито“ во Жировница, каде во подрачното училиште во Сенце нема ниту едно прваче, во ООУ„Денче Дејаноски“ Маврови Анови се четири првачиња од нив две во училиштето во Маврови Анови и едно во Маврово, додека во Нистрово и Врбен нема ниту едно запишано прваче. Во ООУ „Блаже Конески“ во Скудриње имаме девет првачиња, од нив осум во Скудриње, едно во Аџиевци, во Присојница нема запишано прваче. Во ООУ „Хајан Селмани“ во Ростуше се 3 првачиња, додека нема запишани првачиња во подрачните учлишта во Велебрдо, Требиште и Јанче, рече Емир Емрулаи, одговорен во секторот за образование при општината.

Во гимназијата „Маврово-Ростуше“ во Ростуше наставата почна за 52 ученика или шест помалку од лани. Во прва година во оваа образовна институција запишани се 10 ученици.