Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Град Скопје набргу ќе излезе со нов сет мерки за сузбивање на врсничкото насилство, ангажирани се и експертски тимови

– Министерството за образование и наука и Град Скопје набргу ќе ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерството за образование и наука и Град Скопје набргу ќе ги презентираат мерките со кои ќе се намали и спречи врсничкото насилство меѓу децата и учениците – најави денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Тој на промоцијата на новите возила за комунална хигиена одговараше на прашање за сузбивање на врсничкото насилство меѓу децата, учениците, каков што и беше последниот случај во Скопје, а во кој 13-годишно момче беше прободено со нож и се бори за животот. 

– Спремаме уште еден поголем сет мерки заедно во соработка со министерката за образование Јаневска, со која имаме одлична соработка, но и силна, силна поддршка во тој дел, така што во наредниот период ќе излеземе со цел сет мерки и ќе бидете сведоци на она што ќе го почнеме како процес, а ќе влијае. Убеден сум, на долг рок, за што помалку случаи такви да имаме – изјави Ѓорѓиевски. 

Тој истакна дека во процесот имаат вклучено и многу експерти и, како што рече, „многу бргу од денес ќе излеземе со сериозна, јасна платформа како Град Скопје“. Посочи и дека експертските тимови ќе работат со учениците, но ќе работат и со родителите.

Реклама

– Некогаш вината би рекол е кај дел од децата, но многу почесто е вината кај родителите, кои, за жал, на таков начин дозволуваат да се однесуваат децата. Но, ќе дадеме сè од себе за да помогнеме во тој процес. Знаете дека јас како градоначалник на град Скопје една од оние работи што ги направив изминатиот период е да нема телефони на наставата во средните училишта – изјави Ѓорѓиевски по промоцијата на новите возила за собирање комунален отпад.