Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Граѓаните се жалат на наезда на лебарки и стаорци – Ѓорѓиевски апелира сите општини да бидат поактивни во процесот на дератизација

Инвазија од бубашваби, лебарки и стаорци во Скопје. Скопјани од различни делови од градот велат дека секојдневно ги гледаат овие штетници речиси на секој чекор, како во нивните домови, влезови, гаражи, па дури и на улиците. „Стаорци не сум видел бидејќи не одам по подруми, но бубашваби има. Дома имам, колку сакаш ги има. Претежно […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвазија од бубашваби, лебарки и стаорци во Скопје. Скопјани од различни делови од градот велат дека секојдневно ги гледаат овие штетници речиси на секој чекор, како во нивните домови, влезови, гаражи, па дури и на улиците.

„Стаорци не сум видел бидејќи не одам по подруми, но бубашваби има. Дома имам, колку сакаш ги има. Претежно и по скалите, кај што има излези од канализација, по вертикалите. Има, треба дератизација.“- велат граѓаните.

Од Град Скопје велат дека веќе е извршена дезинфекција и дератизација. Официјално до нив досега немало поплаки, но не го исклучуваат проблемот. Апелираат доколку има потреба и општините да превземат дополнителни мерки.

Реклама

„Општините веќе спроведоа дезинфекција и дератизација, тоа е нивна обврска. Што се однесува до појава на змии, јас искрено освен една слика што била превземена од претходните години, да бидам искрен до сега немам видено.“– вели градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Надлежните велат дека интензивно работат на подобрување на комуналната хигиена и уредувањето на јавните површини низ градот. Според нив, тревниците редовно се косат, парковите и кејот се уредени, а екипите на комуналните претпријатија секојдневно се на терен и ги перат улиците.