Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Граѓаните сакаат да патуваат со воз, очекуваат да се врати во живот железничкиот сообраќај

Железничката станица во Скопје ќе го фати последниот воз. По децении запуштеност, таа почна да се чисти и да се подготвува за реконструкција. Граѓаните со нетрпение очекуваат повторно да можат да се возат со воз , удобно да патуваат и навремено и брзо да стигнат до саканата дестинација. Пример  велешанец кој работи во Скопје би […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Железничката станица во Скопје ќе го фати последниот воз. По децении запуштеност, таа почна да се чисти и да се подготвува за реконструкција. Граѓаните со нетрпение очекуваат повторно да можат да се возат со воз , удобно да патуваат и навремено и брзо да стигнат до саканата дестинација. Пример  велешанец кој работи во Скопје би можел секој ден да патува со воз ако има редовни линии, точен возен ред, пристојни вагони и лесно купување билети.  Така би потрошил и помалку пари за превоз. Токму затоа очекувањата на граѓаните се  дека работите ќе почнат конечно да се менуваат. Патувањето со воз би било прва опција за голем дел од скопјани во иднина.

„Не се возам со воз, но ако имам можност би се возел. Би сакал да работи железничкиот сообраќај, многу долго трае времето додека се возам, но ако се подобри поефтино е и побрзо.“- велат граѓаните.

Надлежните започнаа со чистење и уредување на Железничката станица во Скопје, со планови за долгорочна реконструкција. Се проверува и безбедноста на објектот.  Отстранувањето на билборди, плакати и реклами, како и генералното чистење беа првичните активности кои се превземаа за постигнување на оваа цел. Планот за реконструкција се изготвува во соработка на Архитектонскиот факултет,  а треба да се зачува основниот изглед кој што е направен по проектот на Кензо Танге, но со нови и модерни елементи и материјали.