Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Бизнис

Граѓани од соседството полнат резервоари во Македонија – цените на горивата најниски во регионот

Граѓани од соседството точат гориво во Македонија во пограничните региони. Оваа појава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓани од соседството точат гориво во Македонија во пограничните региони. Оваа појава се засилила откако нафтените деривати во Србија, Албанија и Грција почнаа значително да поскапуваат. Ова го потврди и премиерот Мицкоски и вели дека проблеми со снабдувањето и испораката нема. Дополнително на некои бензински пумпи има ограничување при точење горива, особено за тешки товарни возила, како и забрана за точење по 22 часот. Мицкоски вели дека инспекциите се на терен.

„Државниот пазарен инспекторат е на терен. Забележани се такви однесувања на некои пумпи во погранични општини затоа што има голем притисок од соседните држави, каде цената на енергенсите е за повеќе од 40 до 50 проценти повисока од кај нас. Во соседна Србија таа е меѓу 120 и 130 денари по литар, кај нас е 71 денар. Како резултат на таквиот притисок имаме огромно зголемено количество на трошење на нафта и нафтени деривати и можеби поради тоа на одредени бензински пумпи има недостиг на количини“ – вели Мицкоски.

Оваа реакција доаѓа откако неколку нафтени компании испратија соопштенија дека привремено ја ограничуваат продажбата на дизел за камиони, трактори и автобуси на најмногу 50 литри. Исто така забрането е и точење гориво во туби и канистри кои не ги задоволуваат безбедносните стандарди. Од ограничувањето се иземаат возилата кои точат гориво врз основа на веќе склучени договори. И покрај тоа што смирува, премиерот потенцира дека економијата има одлични перформанси за евентуално ескалирање на пазарот со нафтени деривати. Како доказ за тоа ги потенцира економскиот раст од 3,5% остварен лани, нискиот дефицит и инфлација и значителното ниво на странски инвестиции кои ќе бидат реализирани годинава.

Реклама

„Со огромно задоволство најавувам дека инвестициите коишто или се почнати, или се реализираат или се во фаза на договарање на државна помош, а се дел од портфолиото на ТИРЗ зоните изнесуваат околу нови 650 милиони евра, тоа се 17 инвестиции коишто треба да креираат до 5.000 нови работни места. Ете тоа е нашата борба“ – посочи Мицкоски.

Инаку , Македонија во моментов има добра стартна основа кога се во прашање цените на горивата. Во земјава се точат најевтини нафтени дертивати на Балканот. Бензините се продаваат за 1,20 евра, а дизелот за 1,15 евра за литар. На слично ниво со нас е единствено Босна и Херцеговина, со тоа што во оваа земја се точи поскап дизел. Во Србија, бензинот од 95 октани се продава за 1,57 евра, а дизелот за 1,73 евра. Во Бугарија 95-ката чини 1,23, а отприлика исто толку чини и дизелот. Во Црна Гора, пак, дериватите чинат од 1,33 до 1,39 евра по литар. Во Хрватска 1,42 евра чинат бензините и дизелот. Сличини цени има и на Косово. Убедливо најскапо е во Грција кадешто цената на бензините достигнува 1,9 евра за литар.