Реклама

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Прилози

Граѓаните се префрлаат на онлајн услуги, гужвите по шалтерите се намалуваат

Значително е намалена гужвата по шалтерите и институциите каде се извадаат основни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Значително е намалена гужвата по шалтерите и институциите каде се извадаат основни документи. Извод од матична книга на родени, државјанство, извод на венчани и други, граѓаните се научија се почесто да ги вадат по електронски пат.
За 150 проценти е пораснат бројот на трансакции на порталот услуги.гов.мк во 2025 година споредено со 2024. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски за Алфа вели дека институциите кои ги дигитализирале своите услуги веќе забележуваат значително намалување на редиците и гужвите.

„Можам да зборувам пример за уверението за државјанство во МВР, за изводот од матична книга на родени, за потврдите за неосудуваност од судовите, секаде онаму каде што се воведени електронски услуги кои што се нудат на граѓаните, граѓаните сега веќе првенствено го избираат националниот портал за услуги. И како повеќе од нив дознаваат, така тој повеќе се користи, а помалку нашите граѓани се обврзани да чекаат во ред или пак кај некои од овие услуги да треба неколкупати да доаѓаат во институциите за да подигнат некоја потврда или обичен документ.“- вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Навиките потешко се менуваат кај повозрасните граѓани и оние во руралните средини. За нив министерот најави отворање на центри за услуги на повеќе локации.

Реклама

„Доаѓате, имате лична карта и нашите службеници ја завршуваат работата за вас. Или пак ако сакате дополнителна информација ако не знаете баш како да го користите порталот, нашите вработени ќе ви помогнат во тој процес, тоа е првиот елемент. На порталот имаме и еден дел кој што се вика кал центар и во него работат повеќе наши соработници од повеќе градови кои што на македонски или на албански јазик ќе ви помогнат да завршите одредена работа ако не се снаоѓате во моментот да извадите некој документ.“- вели Андоновски.

За позитивниот ефект од новиот дигитален систем потврдуваат и граѓаните. Велат дека чекањето по шалтери е губење на време, а електронското вадење изводи, потврди и уверенија значително им ја олеснува постапката. Сепак, дел од нив сметаат дека системот е покомплициран за повозрасните и предлагаат да се организираат обуки за услугите да бидат достапни за сите.

„Многу е важно бидејќи никој нема време, ако оди автоматизирано ќе заштедиш време. Чекањето е голем проблем и треба да се надмине. Подобро е онлајн наместо да чекаме во ред. Само треба едукација бидејќи постарите лица не знаат.“- велат граѓаните.

Документите кои се издаваат онлајн се валидни во сите институции, а тие законски се должни да ги прифатат. Од министерството апелираат институциите да продолжат со дигитализација на услугите, со цел граѓаните да добијат поквалитетни, навремени и транспарентни услуги во било кое време без можност за корупија.