Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Горивата поскапуваат, буџетот се полни, џебовите се празнат

Уште колку долго храната, производите и услугите ќе можат да го издржат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште колку долго храната, производите и услугите ќе можат да го издржат растот на цените на горивата без да поскапат? Засега нема такви најави од фирмите производители и трговци на кои секојдневно им растат трошоците за транспорт. Откако Владата одлучи спротивно на праксата во европските држави да ја зголеми акцизата на дериватите за 3 денари, горивата неколку пати поскапеа. Од 21-ви април кога беше донесена одлуката, горивата поскапеа за 9 денари. Дизелот пак се продаваше најевтино по 42 денари за литар од 4-ти до 11-ти мај, а сега е поскап за 7 и пол денари.

Нафтените деривати поскапуваат повторно од полноќ. Цената на Еуросупер 95 се зголемува за 3 денари на 57 и пол денари по литар. За два и пол денари поскапуваат Еуросупер 98, дизелот и екстралесното масло. Со оваа промена, новата цена на 98-мицата изнесува 59.5 денари за литар, а на дизелот 49 и пол денари за литар.

На ова реагираше и опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека власта излажала кога рекла дека порастот на акцизата нема да влијае врз поскапување на горивата и пад на животниот стандард на населението.

Реклама

Кога ја покачи акцизата за 3 денари, Владата не донесе одлука за изедначување на акцизата на екстралесното масло со онаа на дизелот за да се спречат злоупотреби тоа да се употребува како погонско гориво. Правилникот за екстралесното масло е во завршна фаза. Надлежните се уште не знаат дали целосно ќе се укине користењето на ова гориво или ќе се изедначи акцизата со другите деривати.

Поскапувањето на акцизата треба да донесе и до 30 милиони евра повеќе во буџетот годинава. Акцизата ќе се намали за еден денар, ако нафтата поскапе за 10 денари, а ако цената на нафтата се зголеми за 20 денари, тогаш акцизата ќе се врати на старото ниво, односно ќе се намали за 3 денари.

Во повеќе наврати Регулаторната комисија за енергетика потенцираше дека цената на горивата зависи од цената на нафтата на европските берзи и на курсот на денарот во однос на доларот. Нафтата од типот БРЕНТ, во последнава една седмица поскапе од 34.6 ма 36.4 долари за барел.

По огромниот пад на цената на нафтата на светските берзи од пред 4 недели кога цената на западно тексашката нафта отиде за првпат во минус поради големите количини кои немаше ниту кој да ги купи, ниту каде да се складираат, пазарот почна да закрепнува. Земјите извознички ја намалија понудата, па цената почна да расте.

Тања Попова