Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ѓорѓиевски: Во Кисела Вода ќе има место во градинка за секое дете

Во населбата Потстаница се одвиваат интензивни градежни активности за целосна реконструкција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во населбата Потстаница се одвиваат интензивни градежни активности за целосна реконструкција на објектот кој ќе биде првата детска градинка во овој дел од Кисела Вода. Станува збор за стар објект кој, со одлука на Владата на Македонија, беше правно преземен од ЈЗУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје и даден на трајно користење на Општина Кисела Вода.

Реконструкцијата опфаќа темелни зафати – од кровната конструкција, преку подните конструкции, до енергетски ефикасната фасада – со што ќе се создаде модерен и безбеден простор на 222 квадратни метри, за околу 80 дечиња. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е значаен чекор за општината.

-Големо е значењето на оваа градинка кој за првпат ќе се отвори во Потстаница и која родителите од овој дел на општината со нетрпение ја очекуваат, како можност нивните деца да растат и да се развиваат во современи услови. Овој објект, кој со поддршка од Владата правно го презедовме од ЈЗУ “Завод за рехабилитација на деца и младинци” – Скопје, во моментов добива сосема нов лик. Темелната реконструкција што ја вршиме – од кровот, преку подните конструкции, до енергетски ефикасната фасада – ќе го претвори во модерен простор за околу 80 дечиња, каде што тие ќе можат безгрижно да растат и да се социјализираат.

Реклама

Кога станав градоначалник, на листата на чекање за упис во градинка имаше околу 450 деца. Денес, тој број е сведeн на триесетина. Но, не застануваме тука – моментално активно работиме на изградба на уште две градинки: во Расадник и во „Верверичка“, во близина на Општината. Со оваа и со сите претходни инвестиции, во последниве три години работевме на изградба и проширување на вкупно девет градинки. Со завршувањето на градинките што се во изградба, целосно ќе ги затвориме овие листи. Ова е мојата стратегија како градоначалник – да обезбедиме во Кисела Вода да има место во градинка за секое дете!

Голема благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за брзиот одговор и позитивниот пристап во процесот на отворање на оваа градинка. Ова е уште еден доказ дека кога ги споделуваме истите вредности и кога работиме заедно, можеме брзо и ефикасно да ги решаваме проблемите на граѓаните. Кисела Вода станува општина која вложува во децата, во семејствата и во иднината. Продолжуваме со истото темпо – градејќи, унапредувајќи и создавајќи подобри услови за сите-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.