Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Големи амбиции за подобрување на условите во јавното здравство

Повисоки плати во јавното здравство, нови вработувања, спојување на клиниките во еден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повисоки плати во јавното здравство, нови вработувања, спојување на клиниките во еден Клинички центар,нова опрема, реконструкции на болници и оддели, проширување на позитивната листа на лекови – ова се дел од плановите на министерот за здравство Таравари за новата 2025 година.Тој на брифингот со новинарите, кажа дека во катастрофална состојба се хируршките сали во „8 Септември“ и во болницата во Тетово, па затоа најави реновирање на истите. За крајот на јуни најави и завршување на изградбата на катните гаражи на Клинички.

“Што можеме ние како Влада да направиме, да подобриме услуги и плати, тоа континуирнао го правиме. Не случајно, често специјализанти, потоа нов колективен договор. Ќе видиме сега за идната година и бодовите односно капитацијата за докторите по семејна медицина, некаде во април да се покачат за да бидат мотивирачки, тие да останат да работат и да дадат нивен максимум како здравствени работници. Тоа можеме како МЗ и како Влада. Друго не зависи од нас”, истакна Таравари.

Таравари најави сериозна стратегија за мотивација кај младите лекари да одберат специјализации кои се потребни..меѓудругото, се пофали дека преговара со неколку доктори кои работат во европски држави, и биле заинтересирани да се вратат во државата.

Реклама

“Јас мислам дека ова е доста мотивирачки за нас. Можеби бројката е симболична, тројца. Мислам дека сериозно ќе треба како МЗ и како Влада да размислиме да ги отвориме вратите, барем тие што се поблиску од Хрватска или од Словенија и од другите европски држави. Доколку имаат, на пример, тригодишно работно исксутво во тие држави, си заминале, да бидат отворени вратите во сопствената држава, да се вратат и да ги интегрираме во нашиот здравствен систем”, рече министерот.

Министерот изрази оптимизам дека идната година ќе завршат реконструкциите на болниците во Штип и во Кичево.Но и дека конечно Клиничкиот центар на почетокот на новата година ќе добиде нова компресорска станица.

Таравари здравствениот систем за 2024 го оцени од 5 до 10 со бројот 8. И  порача дека во новата 2025 ќе го даде максимумот за граѓаните да добијат добра здравствена услуга а вработените во системот да добијат подобри услови за работа и повисоки плати.