Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Балкан

Голем видовденски протест вечерва во Белград, Вучиќ предупредува дека ќе има инциденти

Во Србија денеска се слави Видовден, кој годинава е во тензичен амбиент,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Србија денеска се слави Видовден, кој годинава е во тензичен амбиент, среде закажани масовни протести на студентите попладнево во Белград. Протестот е најавен за 18 часот, а српскиот претседател Александар Вучиќ веќе предупреди дека очекува инциденти. Вучиќ тврди дека „насилството ќе започне помеѓу 20.45 и 21.45 часот“.

– Ќе има насилство, тие не можат да излезат од тоа. Никој нема да ги слуша нивните говори – изјави Вучиќ пред новинарите во палатата на Србија по доделувањето награди на поединци и институции по повод Видовден.

Тој додаде дека државните власти ќе се обидат да бидат воздржани и трпеливи, а организаторите на собирот нема да бидат задоволни од резултатите од тој протест.

Реклама

Студентите во блокадата го најавија протестот „Се гледаме на Видовден“, што ќе почне во 18 часот на плоштадот Славија во Белград, а во официјалниот дел треба да трае до 21 часот.

Тие доставија два ултиматума до Владата на Србија – распишување вонредни парламентарни избори и прекин на собирот во Пионирски парк, кои бараат да бидат исполнети до 21 часот денеска.