Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Голем пожар се приближува до градот Мегара во близина на Атина, засега има пет загинати

Пожарите речиси ја пеплосаа Јужна Европа. Пламените јазици голтаа се пред себе.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарите речиси ја пеплосаа Јужна Европа. Пламените јазици голтаа се пред себе. Најкритично е во Грција каде досега има 5 загинати, изгорени се над 10.000 хектари шума, а граѓаните од централните делови на државата се повикани да ги евакуираат своите домови. Големиот пожар стигна на само 50 километри од Атина, и му се заканува на градот Мегара во кој има над 36 илјади жители. Од 27 јули до денеска регистрирани се вкупно 220 пожари, а цели 51 избувнале само во петокот. Бројот на жртви порасна по несреќа каде што се судрија два противпожарни хеликоптери при што загинаа Грк и Данец.

„Од вчера им велам да го изгаснат огнот да го сопрат, да го сопрат ветрот, за да не стигне до планините, за да не стине до дрвјата, за да не изгори се. Нема пожарникари има само два авиони. Што можеме да направиме? Станува полошо, очајна ситуација е, има повеќе полиција од пожарникари“, изјави граѓанин

Дополнително, силните ветрови ја влошуваат ситуацијата, го засилуваат ширењето на огнот и го оневозможуваат движењето на противпожарните авиони. Извршени се и бројни апсења за подметување пожар. Во случајот на Виотија во западна Атика властите се сомневаат дека пожарот бил предизвикан од приватни водови во ветерен парк. Уапсени се еден електричен инженер и изведувач. Сепак противпоржарните сили очекуваат ветрот да се намали денеска што значително би ја олеснило работата.

Реклама

„Околу пладне излегов надвор бидејќи сонцето стана портокалово. Дојдов овде и видов дека пожарот започнал позади планината и со ветрот постепено се прошири и застана овде. Известувањето од 112 пристигна и ни рече да се евакуираме.“

Топлотниот бран се уште има ефект низ цела Јужна Европа а ризикот за нови пожари е на највисоко ниво поради долгите суши и раното доаѓање на жешките температури. Во југозападна Франција надлежните велат дека најголемиот пожар во земјата од 1949 година во моментот е под контрола но не е целосно згаснат. Таму, огнените стихии биле толку интензивни што предизвикале таканаречена „огнена бура“, феномен кој е некарактеристичен за Европа. Во Португалија изгореле скоро 200 километри квадратни, во Италија властите прогласија „црвена тревога“ за високите температури во Рим, Милано, Венеција и Неапол. Во Шпанија и Франција ситуацијата се смирува но надлежните се на готовс за спречување нови пожари за кои се уште има огромен ризик поради жештините. Според европската комисија изгорини се скоро 100.000 хектари повеќе од 2025 која до овој момент беше најлошата година за пожари.