Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Голем интерес кај пациентите за прегледи во амбулантата за теледерматологија во Делчево

Амбулантата во Делчево, каде се користи иновативен современ апарат за теледерматологија ги…

Сподели:

Амбулантата во Делчево, каде се користи иновативен современ апарат за теледерматологија ги отвори вратите за своите пациенти. Овде пациентите со кожни заболувања од Делчево  добиваат стручна дијагноза и препорака од специјалисти од Клиниката за дерматологија, без потреба од физичко присуство на лекар специјалист со што значително ќе се намали времето на чекање, трошоците за патување и оптоварувањето на здравствените установи во главниот град.

Увид во работата на амбулантата денеска направија градоначалникот Иван Гоцевски и директорката на ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“, д-р Билјана Георгиевска кои го истакнаа значењето од примената на телемедицината која е ефикасна, безбедна, евтина и резултира со задоволство на пациентите.

-Ме радува што граѓаните на Делчево ќе имаат можност да ги осетат придобивките на телемедицината, во конкретниот случај на теледерматологијата која значи добивање квалитетна здравствена услуга и специјалистички наод и мислење во Делчево без дополнителни чекања и патувања до медицинските центри, без трошоци и нервози. Преку овој иновативен и современ метод, значително се подобрува здравствената заштита на граѓаните во помалите места посебно во услови на хроничен недостиг на специјалисти. Затоа, изразувам посебна благодарност до Министерството за здравство, но и до здравствените работници во Делчево и сите институции вклучени во реализацијата на овој проект, нагласи Гоцевски.

Реклама

Директорката Ѓеоргиевска истакна дека интересот кај пациентите е голем, а наскоро оваа амбуланта ќе добие и регионален карактер и ќе ги опслужува пациентите од регионот.

-Телемедицината е иднината во здравството и овој проект претставува значаен чекор кон унапредување на здравствените услуги за граѓаните од Делчево и околината, нагласи д-р Ѓеоргиевска.

Првиот пилот-проект за телемедицина во областа на дерматовенерологија (теледерматологија) се реализира на релација Скопје–Дебар–Делчево и претставува суштинска реформа која го менува начинот на кој пациентите пристапуваат до здравствената заштита.

Делчево има позитивно искуство од примената на телемедицината и од примената на првиот апарат за далечинско мониторирање на пациентите што се однесуваше на еден  иновативен систем за нега на постари лица- далечински мониторинг на пациентите и дијагностика во Општина Делчево, кој работи успешно и е ставен во функција на јавното здравство во Интерната амбуланта во Делчево.