Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матичната комисија во Собранието

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието. 

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година, како и посебните извештаи на Антикорупциска за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините,  за финансирањето на изборната кампања за повторните избори за градоначалник на Општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуше и за градоначалник на Центар Жупа – 2026 година,  Годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2025 – 31.12.2025 година и Завршен извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2025 – 31.12.2025 година. 

Членовите на Комисијата ќе ја дискутираат и за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година. 

Реклама

Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија треба да даде зелено светло за предлог на законите за ратификација на Конвенцијата за Бирото на Европската конференција за цивилно воздухопловство, на Протоколот меѓу Владата на Македонија и Владата на Република Литванија за спроведување на Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола, на Договорот помеѓу Владата на Македонија и Владата на Република Словенија во врска со соработката во областа на одбраната и на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Португалската Република во врска со соработката во областа на одбраната. 

На дневен ред на Комисијата е и Предлог на закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции, во прво читање.

Предлог на законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции, во прво читање е на дневен ред на Комисијата за европски прашања. 

Буџетскиот совет на Собранието ќе го разгледува Предлог на стратешки план на Собранието на Македонија за периодот 2027-2031 година, Предлог- одлука за давање на финансиска согласност на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2027 година и Предлог на буџет на Собранието на Македонија за 2027 година.