Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Годишен собир на уредници на Википедија – „Вики камп“ и „Вики тим билдинг“ во Охрид 

Оваа година Охрид ќе биде местото на годишниот собир на уредници на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оваа година Охрид ќе биде местото на годишниот собир на уредници на Википедија на македонски јазик. Во периодот од 11 до 13 септември, Викимедија МКД го организира осмиот по ред „Вики-камп“, во чии рамки младите википедијанци, ученици кои членуваат во Вики клубовите во Македонија ќе создаваат нови содржини на македонски јазик на слободната интернет-енциклопедија Википедија. Паралелно со вики-кампот, во истиот период ќе се одржи и тимбилдинг – собир на искусни уредници на Википедија на македонски јазик, чија цел е преку дискусии и предавања да се придонесе кон развојот на енциклопедијата и заедницата која стои зад неа.

-„Ботаничари со авторски кратенки“ е овогодишната тема на уредување, односно создавање нови статии и подобрување на постоечките. Како резултат на соработката со Институтот за биологија, Викимедија МКД обезбедува научен материјал за содржинско збогатување на постоечките и создавање нови статии поврзани со овогодишната тема, – истакна Бојан Велковски од Викимедија МКД. 

Овој настан, кој на едно место поврзува две различни сфери од дејствувањето на организацијата, придонесува кон понатамошниот развој на самата енциклопедија и на заедницата која вложува труд во растот на Википедија на македонски јазик. 

Реклама

Учесниците, покрај можноста да стекнат нови знаења и вештини од областа на медиумската писменост и академското пишување, ќе имаат можност да дадат свој активен придонес кон слободната енциклопедија Википедија, чија основна цел е да овозможи слободно и бесплатно знаење достапно за сите.

Викимедија МКД е единствениот огранок на Фондацијата Викимедија во Македонија. Фондацијата Викимедија е непрофитна организација со седиште во Сан Франциско, САД, која ги поддржува Википедија и другите проекти за слободно знаење. Првиот вики-камп во организација на Викимедија МКД се одржа во 2017 година во Берово, додека последниот беше одржан на Попова Шапка во 2025 година.