Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Глувите граѓани немаат соодветна комуникациска поддршка при посета на полиција, банки и други институции, одбележан Меѓународниот ден на знаковните јазици

Знаковниот јазик не е само начин на комуникација, туку јазик на идентитетот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Знаковниот јазик не е само начин на комуникација, туку јазик на идентитетот, достоинството и еднаквоста – порача претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешното одбележување на Меѓународниот ден на знаковните јазици во законодавниот дом.

Гаши истакна дека овој ден е потсетник за тоа колку е важно институциите да создадат услови во кои ниедно лице нема да се чувствува исклучено. Според него, денот има вистинско значење, само ако отвори простор за размислување за она што недостига и за она што може да се направи повеќе за глувите и наглувите лица.

null

Во своето обраќање тој нагласи дека во изминатите години се направени значајни чекори во признавањето и користењето на знаковниот јазик, развојот на услугите за толкување и подобрувањето на пристапот до образование. Како пример го наведе воведувањето курсеви за изучување на знаковниот јазик за пратениците и собраниската служба од 2023 година оценувајќи го како „мал чекор со голема порака“.

Реклама

Гаши посочи дека правата не треба да останат само во законите, туку да се претворат во реални можности во секојдневниот живот.

 – Не е доволно да кажеме дека институциите се отворени. Треба да се осигуриме дека граѓаните можр да ги користат без бариери – истакна тој додавајќи дека е неопходна поструктурирана институционална и професионална соработка, особено во делот на развојот и стандардизацијата на знаковниот јазик.

null

Во име на Собранието тој изрази подготвеност за континуирана соработка со Националниот сојуз на глувите и наглувите лица оценувајќи дека заедничката работа меѓу институциите и граѓаните е клучна за вистински промени. 

Според членот на здружението и поранешен претседател, Павле Стаматовски, глувите граѓани немаат соодветна комуникациска поддршка при посета на полиција, банки и други институции, што, како што беше истакнато, претставува долгогодишен системски проблем.

Стаматовски нагласува дека е неопходно воспоставување кол-центар со толкувачи на знаковен јазик, кој би работел 24 часа, бидејќи бројот на толкувачи е мал, а институциите недоволно запознаени со потребите на глувите лица.

null

Дополнителен проблем, како што беше речено, имаат семејствата во кои сите членови се глуви, особено во делот на образованието, каде што децата имаат потреба од постојана асистенција.

Во однос на медиумите, Стаматовски посочи дека глувите лица немаат можност да ги следат прес-конференциите и седниците на Владата и Собранието бидејќи често нема толкувач, а титлувањето е недоволно. Побара поголем екран за толкувачите со цел и постарите лица да може јасно да ја следат содржината. Тој додаде дека повеќе од три децении глувата заедница тапка во место и дека е време да се почне со стандардизација на знаковниот јазик, што би овозможило негова поширока употреба во општеството и подобро разбирање на пишаниот говор.

Стаматовски информира дека во земјата има мал број активни толкувачи, а потребите се значително поголеми.

Според толкувачот Анка Митревски, постојат 35 сертифицирани толкувачи, но повеќето од нив не се активни, што дополнително го отежнува пристапот на глувите лица до институциите и јавните услуги.

null

Митревски објасни дека иако овие толкувачи имаат официјално право да ги застапуваат глувите лица, професијата сè уште не е целосно системски регулирана, што создава неусогласености во начинот на изведување на толкувањето.

Таа посочи дека интерес за учење на знаковниот јазик постои, но дека јазикот е комплексен и бара секојдневна употреба за да се совлада.

На прашањето колку толкувачи би биле доволни за да се покријат реалните потреби, Митревски рече дека бројката е тешко да се утврди, но дека „потребни се многу, навистина многу“ бидејќи секое глуво семејство има барем еден член, кој мора да им помага во комуникацијата.

Таа ја нагласи потребата од системско унапредување на професијата и создавање услови за поголем број активни толкувачи, со цел глувите лица да добијат навремена и достапна поддршка во институциите.