Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ѓорѓиевски: Средните училишта во Скопје добиваат современи лаборатории и метеоролошка станица

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека во тек е уредувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека во тек е уредувањето на нови и современо опремени кабинети по математика и физика, како и лаборатории по хемија и биологија во средните училишта во Скопје.

– Влогот во младите е влог во иднината. Секој денар вложен во нивното образование е инвестиција во знаењето, напредокот и силата на нашето општество. Наша должност е да им обезбедиме услови во кои ќе можат слободно да истражуваат, да создаваат и да го развиваат својот целосен потенцијал. Во тек е уредувањето на нови и современо опремени кабинети по математика и физика, како и лаборатории по хемија и биологија во средните училишта на Град Скопје. Проектот опфаќа целосно нова наставна опрема, современи дидактички помагала, интерактивна технологија и нов училиштен мебел, клупи и столчиња приспособени на потребите на учениците и наставата на 21 век – напиша скопскиот градоначалник.

Со ова, како што посочува Ѓорѓиевски, создаваме услови наставата да излезе од рамките на теоријата и да стане практична, интерактивна и лесно разбирлива.

Реклама

-Наместо законите на физиката и математичките концепти да се изучуваат само преку формули напишани на табла, учениците ќе можат да ги разберат и докажат преку реални модели, прецизни мерења и практични експерименти. Во лабораториите по хемија и биологија, хемиските реакции и процесите во живиот свет ќе се набљудуваат непосредно преку практична работа, истражување и експерименти, а не само преку текстови и илустрации во учебниците. Секој кабинет е осмислен како заокружена образовна целина што ги обединува современиот училиштен мебел, специјализираната опрема, интерактивната технологија и дигиталните образовни содржини. Интерактивните панели ќе овозможат сложените поими да се прикажуваат преку видеа, тридимензионални модели, симулации и опити, со што часовите ќе станат подинамични, поинтересни и многу поефикасни – вели тој.

Како што нагласува Ѓорѓиевски, со ваквото опремување, училниците во Скопје прераснуваат во средина создадена по мерка на современото образование – простор во кој знаењето станува искуство, а учениците се активни учесници во наставниот процес.

-Дополнително, градиме и паметен пластеник – училишна лабораторија во која образованието, науката, технологијата и земјоделството ќе се спојат на едно место. Овој современ земјоделски објект ќе користи сензори, микроконтролери и паметна технологија за автоматско следење и регулирање на условите за раст и развој на растенијата. Температурата, влажноста на почвата, наводнувањето и прихранувањето ќе се следат и управуваат преку апликација за паметни уреди. Пластеникот ќе располага со автоматизиран систем за наводнување, систем за регулирање на влажноста на воздухот, автоматско ѓубрење, контролер за управување со наводнувањето, Вентури-инјектор и систем со распрскувачи. Во негови рамки ќе бидат поставени и метеоролошка станица и професионална агростаница, преку кои учениците ќе можат непосредно да собираат податоци, да ги анализираат временските и почвените услови и практично да го изучуваат современото земјоделство. Пластеникот ќе се користи во текот на целата година. Со планско менување на површините и културите, во него ќе се одгледуваат градинарски, овошни и цветни култури, од расад до целосно развиени растенија – напиша градоначалникот.

Како што посочува Ѓорѓиевски, ова е нов пристап кон образованието што ја поттикнува љубопитноста, ја развива креативноста и ги подготвува младите за професиите и предизвиците на иднината.

-Кога вложуваме во знаењето на младите, не ја градиме само нивната иднина – ја градиме иднината на Скопје и на Македонија! – напиша скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк: