Реклама

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде накитено од 10 до 15 декември, новогодишната прослава ќе биде со македонски изведувачи и без огномет

Градот Скопје планира новогодишното украсување да биде завршено во периодот од 10…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градот Скопје планира новогодишното украсување да биде завршено во периодот од 10 до 15 декември, а главната новогодишна прослава да се одржи на градскиот плоштад, со настапи на македонски изведувачи и без огномет, најави вечерва скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на една од националните телевизии.

Ѓорѓиевски посочи дека организацијата на новогодишната прослава сè уште не е целосно утврдена и дека градскиот тим работи на деталите, вклучително и на програмата за деновите во кои ќе има базари и други настани на градскиот плоштад.

– Според планот некаде од 10-ти до 15-ти Скопје треба да биде накитено. Она што сè уште го немаме доутврдено, со тимот работиме на истото, е организацијата на новогодишната прослава. Но и деновите кога ќе има базари и сè останато, настани на градскиот плоштад. Главната прослава ќе биде на градскиот плоштад и тука ми е драго што се солидаризираат и колегите, за разлика од минатото, сите скопски градоначалници, да имаме една прослава во главниот град, така му личи на градот – рече Ѓорѓиевски.

Реклама

Тој најави дека и годинава, како и минатата, програмата ќе биде составена исклучиво од македонски изведувачи, но дека имињата сè уште не се утврдени.

– Одлучивме оваа година да одиме, како и минатата, со исклучиво македонски изведувачи. Ние имаме богата културна сцена. Не сме ги утврдиле сè уште имињата, но мислам дека ќе биде достоинствен пречек на Новата година – изјави градоначалникот.

Во врска со можноста за организирање огномет за новогодишната ноќ, Ѓорѓиевски рече дека е донесена одлука тој да не биде дел од прославата, имајќи ги предвид различните мислења во јавноста за употребата на пиротехника.

– Да нема прашања во јавноста наредниов период, да најавам дека огномет нема да има. Има поделени мислења кога станува збор за огнометот за новогодишната ноќ, но одлучивме да нема огномет – рече Ѓорѓиевски.

Во однос на новогодишното украсување, градоначалникот информира дека е избран оператор преку транспарентна постапка. За подеталните информации за постапката и избраниот изведувач, тој ги упати медиумите до системот за јавни набавки, посочувајќи дека податоците се јавно достапни и дека Градот може дополнително да ги достави.

-Веќе е избран оператор. За подеталните информации поврзани со истото можете да се обратите слободно како медиум, но и јавно достапни се, мислам дека во системот за јавни набавки. На транспарентна постапка избран е изведувач, односно оној оператор којшто ќе треба да го направи сето тоа. Немам детали во моментов за да ги изнесам, но секако дека се достапни во јавноста, но и можеме да ги доставиме дополнително до вас – изјави тој.

Ѓорѓиевски рече дека очекува годинашното украсување да биде поспектакуларно во споредба со претходните години. Посочи дека во минатото имало забелешки за доцнење со украсувањето, наведувајќи дека се случувало главниот град да се украсува дури на 30 или 31 декември.