Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Ѓорѓиевски: Од паднатите дрвја на Водно изграден нов моторички парк

Силното невреме што го зафати Скопје зад себе остави големи штети и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силното невреме што го зафати Скопје зад себе остави големи штети и многубројни паднати дрвја. Но, нашата обврска не е само да ја санираме направената штета, туку од секој предизвик да создадеме нешто корисно, трајно и вредно за граѓаните. Како што најавив веднаш по невремето, здравите стебла од паднатите дрвја не ги оставивме да завршат како отпад, туку им дадовме нов живот и нова намена. Водно доби нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и создавање здрави навики кај сите генерации – објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

– Од нив го изградивме новиот моторички парк на Водно – внимателно уреден простор со природни препреки и реквизити за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. Простор во кој децата преку игра ќе ги развиваат своите моторички способности, а младите и возрасните ќе може да вежбаат, да се рекреираат и да поминуваат повеќе квалитетно време во природа – наведува тој во објавата на „Фејсбук“.

Додава дека наместо отпад, создадале нова вредност, а наместо уништени стебла, создале простор исполнет со движење, енергија и живот.

Реклама

Истакна дека вакви паркови ќе добијат и Парк-шумата Гази Баба и Сарај, на местата каде што беа отстранети паднатите дрвја веќе се засадуваат нови садници, а во втората половина на септември ќе се почне со голема есенска акција за пошумување на нашиот град.

– Ова е само дел од активностите со кои му го враќаме сјајот на Водно. Го реконструиравме патот до Средно Водно. Ги уредуваме патеките и ја обновуваме урбаната опрема, која со години беше оставена на забот на времето. Истовремено, на Водно и Матка веќе функционира планинската спасителна служба, подготвена за брзи и професионални интервенции во планински услови. Со тоа ја подигнуваме безбедноста на сите посетители и создаваме услови безгрижно да уживаат во природата – посочи Ѓорѓиевски.

Истакнува дека Водно е срцето и зелените бели дробови на Скопје и оти го чуваме, го обновуваме и го развиваме паметно, одговорно и со љубов.

– Чекор по чекор, создаваме Водно какво што заслужуваат скопјани – безбедно, уредено, зелено и исполнето со содржини за сите генерации – додава Ѓорѓиевски во објавата на „Фејсбук“.