Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ѓорѓиевски: Ново партнерство за филмската уметност во пресрет на „Скопје 2028“

Ново партнерство за филмската уметност во пресрет на „Скопје 2028“. Со Томи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново партнерство за филмската уметност во пресрет на „Скопје 2028“. Со Томи Салковски, управител на „Скопје филм студио“ и организатор на Скопскиот филмски фестивал, потпишавме меморандум за соработка, со што воспоставуваме долгорочно партнерство за развој на филмската уметност, побогата културна понуда и посилна меѓународна афирмација на Скопје – соопшти денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

– Нашиот град има силна филмска традиција, талентирани автори и публика што заслужува квалитетна и достапна култура. Со оваа соработка создаваме услови за натамошен развој на фестивалот и негово поцврсто позиционирање на регионалната и европската културна сцена. Преку европски филмски програми, меѓународни партнерства и активности за младата публика ќе отвориме нови можности за авторите и за посилно претставување на македонската кинематографија пред европската публика. Во пресрет на „Скопје 2028 – европска престолнина на културата“ продолжуваме да градиме партнерства што ќе придонесат за траен развој на културниот живот во градот – напиша тој на својата фејсбук-страница.

Ѓорѓиевски истакна дека Скопје има приказни што заслужуваат да го обиколат светот и таленти што заслужуваат поддршка.

Реклама

– Наша обврска е да им овозможиме простор да создаваат и да успеваат – додаде скопскиот градоначалник.