Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Ѓорѓиевски на ФБ: Мост „Генерал Михајло Апостолски“ – се ослободува трасата за конечно ставање во функција

Она што со години стоеше заглавено, денес конечно се придвижува. Започна ослободувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Она што со години стоеше заглавено, денес конечно се придвижува. Започна ослободувањето на трасата за ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“!, напиша скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил.

-По истекот на рокот за иселување на семејствата чии имоти беа опфатени со завршената експропријација, создадени се услови да продолжиме со следниот, клучен чекор кон неговото отворање. Овој мост предолго беше симбол на застојот и неисполнетите ветувања од моите претходници. Скопјани го нарекуваа „мостот што води во дневна соба“ и „мостот за ловење риба“. Зад тие зборови стоеше оправданото разочарување од проект во кој беа вложени пари, а од кој граѓаните со години немаа корист. На тоа му доаѓа крајот, стои во објавата.

Ѓорѓиевски вели дека мостот конечно ќе ја добие својата вистинска смисла, да ги поврзува луѓето од Гази Баба и Аеродром, да го олеснува сообраќајот и да го скратува времето поминато во градскиот метеж.

Реклама
Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека ако биде кандидат за градоначалник на Скопје, очекува победа уште во првиот круг и дека ова го базира врз по

-Кога ја презедов одговорноста да го водам Скопје, ветив дека овој проблем ќе го решиме во текот на мојот четиригодишен мандат. Денес, за помалку од една година, со гордост можам да кажам дека правиме решителен чекор кон исполнувањето на тоа ветување. Со посветена и макотрпна работа го решивме клучниот предизвик за ослободување на овој дел од трасата – експропријацијата. Паралелно продолжува и експропријацијата на преостанатиот дел од булеварот за целосно завршување на оваа важна сообраќајна врска, наведува Ѓорѓиевски.

Тој им упатува искрена благодарност на семејствата со кои заеднички го овозможивме овој исчекор.

-Знам дека зад секој дом стојат години живот, спомени и длабока приврзаност. Затоа нивното разбирање, доверба и подготвеност за договор заслужуваат почит. Ви благодарам што подадовте рака и што станавте дел од решението кое носи придобивки за цело Скопје. Вашиот придонес е важен дел од ова ново поглавје за нашиот град. Ќе продолжам да ја оправдувам довербата дадена од народот со работа, со истрајност и со резултати што ќе се чувствуваат во секојдневниот живот. Продолжуваме уште посилно. За Скопје што поврзува. За Скопје што оди напред, какво што заслужуваме!, порачува градоначлникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски во својата објава на Фејсбук.