Можностите за соработка меѓу Град Скопје и Швајцарија, особено во областа на локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги, биле тема на денешната средба на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Сомер.
На средбата, како што соопштија од Град Скопје, било разговарано за развојот на Скопје и за можностите за размена на знаења и добри практики.
Ѓорѓиевски истакнал дека приоритет на градската администрација е создавање партнерства што ќе придонесат за поквалитетен живот на граѓаните.
-Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани – истакнал Ѓорѓиевски.

