Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ги вработиле во ИЈЗ без да полагаат испит, но за ДУИ тоа не било криминал, туку антиалбанство

По овој терк, ДУИ најде маана и антиалбанство и во вонредниот инспекциски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По овој терк, ДУИ најде маана и антиалбанство и во вонредниот инспекциски надзор во Институтот за јавно здравје, каде се испитувало како биле примани работници на работа во изминатите години.

Според нив, директорката спроведувала јасна дискриминаторска политика со цел потчинување и исклучување на Албанците од оваа институција.

„Вонредниот инспекциски надзор на државниот управен инспекторат, инициран врз основа на анонимна претставка со тенденциозна и антиалбанска содржина, не претставува ништо друго освен организиран обид за отстранување на албанските вработени и создавање амбиент во кој тие се третираат како граѓани од втор ред“, се вели во соопштението на ДУИ.

Реклама

Но, проблемот е што инспекторите, кога влегле во Институтот, не влегле поради Албанците, туку поради пријава дека дел од вработените во Одделот за администрација не полагале испит за административен службеник.

Неофицијално, од она што првично го виделе инспекторите е дека навистина во оваа институција на работа незаконски биле примени луѓе, односно добиле решенија без да го полагаат испитот, кој е задолжителен.

Пријавата се однесувала на сите административни службеници, а во секторот ги има околу 20-25 луѓе. Наспроти ДУИ, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, ставила крај на криминалот кој во ИЈЗ се правел 15 години, а реакцијата на ДУИ не е поради грижата за Албанците, туку поради криминалот.

„Криминалците се криминалци, а ДУИ тоа го покажува секој ден, па и во реакцијата кон директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, која отворено се бори против затекнатиот братски криминал на ДУИ и СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.