Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Германија донираше опрема вредна 600.000 евра за МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, во Министерството прими донација од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, во Министерството прими донација од Сојузната Република Германија во вредност од речиси 600.000 евра.

– Во Министерството за внатрешни работи денеска ја примивме вредната донација од Сојузна Република Германија во присуство на амбасадорката Петра Дрекслер, со што уште еднаш се потврди силното партнерство и меѓусебната доверба меѓу нашите две земји. Станува збор за опрема во вредност од речиси 600.000 евра – моторни и специјални возила, термовизиски камери, компјутери и софтвери, уреди за проверка на документи, која директно ќе придонесе за поефикасна заштита на границите, поуспешна борба против организираниот криминал, трговијата со луѓе и шверцувањето мигранти, како и за унапредување на форензичките капацитети – соопшти Тошковски на социјалните мрежи.

Министерот Тошковски истакнал дека донацијата претставува симбол на довербата и силното партнерство меѓу двете земји.

Реклама

– Оваа церемонија не е само формално примопредавање на опрема, туку јасна порака дека Германија стои рамо до рамо со Македонија во заедничката борба против организираниот криминал, во заштитата на нашите граници и во обезбедувањето на сигурноста на граѓаните. Поддршката што ја добиваме не се мери само во материјални средства, туку и во знаење, обуки и размена на искуства, што значи долгорочно зајакнување на капацитетите и професионализација на македонската полиција – нагласи Тошковски.

Тој изразил благодарност до Сојузната полиција на СР Германија и до Амбасадата на Германија во Скопје за континуираната поддршка посочувајќи дека шесте реализирани обуки за македонските полициски службеници се доказ за стратешката и долгорочна соработка меѓу двете институции.

Министерот потенцирал дека ваквата помош претставува значаен придонес во зајакнувањето на институционалните капацитети и унапредувањето на безбедноста, како и во остварувањето на заедничката визија за сигурна, стабилна и европска Македонија.

– Со обезбедувањето техничка опрема ја продолжуваме нашата долгогодишна доверлива полициска соработка. Зајакнувањето на капацитетите на Македонија во делот на граничниот надзор, во борбата против трговијата со луѓе, илегалната миграција и прекуграничниот криминал е во наш заеднички европски интерес. Заедно работиме на јакнење на Европа – денес и во иднина – истакнала амбасадорката Дрекслер.

Министерот во објавата посочува дека уште поважна од опремата е пораката што ја носи оваа поддршка, дека Германија стои рамо до рамо со Македонија во обезбедувањето сигурност и стабилност за нашите граѓани.

– Преку заедничките обуки и размената на искуства градиме модерна, професионална и европска полиција. Искрена благодарност до Сојузната полиција на Германија и до Амбасадата на Германија за континуираната поддршка. Продолжуваме заедно да ја јакнеме безбедноста и институциите на нашата држава – посочува Тошковски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: