Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Прилози

Германците со предлог арбитражна комисија да решава дали бугарското вето е во согласност со Копанхашките критериуми

Нов обид да се заобиколи ветото во рамките на Европската Унија. Во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов обид да се заобиколи ветото во рамките на Европската Унија. Во Германија во напредна фаза е изработката на нов механизам со кој треба да се блокираат апсурдните вета, какво што е Бугарското вето за Македонија. Според тој механизам, специјална арбитражна комисија би оценувала дали некое барање, како што е на пример тоа дали Гоце Делчев е македонец или бугарин, внесувањето на бугарите во уставот и слично, како услов за членство во ЕУ, е според Копенхашките критериуми или не, објавува весникот Нова Македонија.

Клучната поента е давањето важност на копенхашките критериуми. доколку некој во иднина во текот на процесот, како што сега го прави тоа Бугарија, постави некое барање што не е во согласност со одредените принципи на лисабонскиот договор, тогаш тоа прашање ќе оди на арбитража – дали едно барање е според копенхашките принципи или не. Арбитражниот процес би се одвивал со соодветна динамика за да не се дозволи предолго чекање без потреба, се вели во текстот.

Според весникот, со овој механизам, кој веќе бил во напредна фаза на изработка, би се избегнало и заглавување во однос на тоа дали ќе се воведе гласање со квалификувано мнозинство, затоа што членките не сакаат да изгубат еден за нив важен инструмент, кој на извесен начин и ги штити. Овој инструмент би се користел и за други случаи.  

Реклама

Информацијата доаѓа во исто време кога во цунамито од бугарски националистички амандмани за годинешниот извештај на европскиот парламент за Македонија има амандмани и на самиот известувач Томас Вајц. Тој бара од Европскиот Совет да каже каков е правниот статус на вториот протокол потпишан меѓу Бугарија и Македонија. со други зборови Вајц бара одговор дали влегувањето на бугарите во уставот е вистински услов од преговарачката рамка и дали од нив зависи почетокот на преговорите, или е само дел до документ кој нема никаква важност.

Во моментов постои иницијатива со што се предвидува Македонија заедно со Украина, Црна Гора и Албанија, да стане членка на ЕУ на почетокот од 2027 година, со учество во работата на Советот, комисиите и телата на Унијата, но без право на глас. Со овој модел постојат два задолжителни услови: усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика, со што Македонија веќе го има исполнето, и владеење на правото.