Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Геријатрија добива сертификат од Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи

Во просториите на Управата на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Управата на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, денеска ќе биде доделен сертификат за акаредитација во важност од пет години од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, информираа од Геријатрија.

Од установата истакнаа дека таа врши болничка здравствена дејност и специјалистичко – консултативна здравствена дејност на секундарно ниво од областа на геријатриската и палијативната медицина, и е единствена јавна здравствена установа за долготраен престој во нашата држава.

– Ова е четврти по ред циклус на акредитација за оваа здравствена установа, по претходно успешно спроведени три акредитациски циклуси со важност од по три години. Согласно спроведеното надворешно оценување, здравствената установа има воспоставено функционален, структуриран и во значителна мера усогласен систем на работа со стандардите за квалитет и безбедност на здравствените услуги – велат од установата.

Реклама

Како што појаснија, во повеќе области се евидентирани значајни достигнувања на здравствената установа, особено во делот на управување со ризици, контрола на интрахоспиталните инфекции, заштита на личните податоци, воспоставени ефикасни системи за евиденција, следење и анализа на несакани случувања и систем на безбедно управување со медицински отпад, континуирана посветеност кон унапредување на квалитетот, преку донесување и имплементација на стратешки документи, планови и процедури, како и преку организирање практични активности, вклучително и симулациски вежби за постапување во вонредни состојби, подигнување на нивото на задоволство на пациентите и вработените, поттикнување на научно-истражувачката работа од областа на геријатриската и палијативната медицина, континуирана едукација на медицинскиот кадар.

– Постигнатите резултати укажуваат на висок степен на посветеност на раководниот тим и вработените, како и на развиена култура на квалитет на здравствените услуги, безбедност на пациентите и професионална одговорност. Раководството на установата, предводено од директорот, докажа проактивен и стратешки пристап кон унапредување на инфраструктурните услови и вкупното функционирање на болницата. Во таа насока, иницирани се конкретни активности за модернизација и подобрување на просторните капацитети, со посебен акцент на амбулантскиот дел, со цел подобрување на пристапноста и квалитетот на здравствените услуги. Акредитацијата на здравствените установи, се спроведува согласно член 240 од Законот за здравствената заштита, како постапка на оценување на работата на здравствените установи врз основа на примена на оптимално ниво на однапред утврдени национални стандарди за работа на здравствените установи – додадоа од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје.

Најавено е и присуство на министерот за здравство Азир Алиу.