Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Герасимовски: Утре сите заедно на „Центарска симфонија“,  ве очекувам на „Плочник“ , на коцерт под отворено небо

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во попладневната програма на МРТВ ги покани граѓаните на второто издание на „Центарска симфонија“, музички спектакл под отворено небо, кој ќе се одржи утре со почеток во 19:30 часот на „Плочник“ во Градски Ѕид. „Јас, како градоначалник, во изминативе години многу инвестирам во културата и во културните настани што […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во попладневната програма на МРТВ ги покани граѓаните на второто издание на „Центарска симфонија“, музички спектакл под отворено небо, кој ќе се одржи утре со почеток во 19:30 часот на „Плочник“ во Градски Ѕид.

„Јас, како градоначалник, во изминативе години многу инвестирам во културата и во културните настани што се одржуваат низ годините. Буџетот за култура е зголемен на 25 милиони денари, што значи реализација на голем број концерти, изложби и различни културни содржини.

Имаме многу активности, почнувајќи од „Патувачкото кино“, наменето за младите, со проекции на различни локации , па се до содржини за  повозрасните, како што е „Носталгија за корзо“, настан посветен на спомените и сеќавањата за старите скопски времиња и прошетки.

Реклама

Утре не очекува „Центарска симфонија“, преубав настан кој се реализира втора година по ред. И ова издание ќе се одржи на „Плочник“, спроти Владата. Ги повикувам сите жители на општината и градот, особено оние кои сакаат да се навратат на духот на 70-тите години и да уживаат во убава филмска и симфониска музика, да ни се придружат на овој настан, а во текот на летото продолжуваме со уште повеќе културни содржини и настани за граѓаните“, истакна Герасимовски во гостувањето во емисијата „Програма на градовите“ ..

На бесплатниот концерт поддржан од Општина Центар,  ќе настапат „Сонора Колектив“ оркестар и вокалните солисти Иван Наумовски и Елена Васова.