Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Герасимовски со Ксенија Николова: Центар ја има најдобрата културна сцена во Скопје, вложуваме во младите писатели и уметници

Градоначалникот и кандидат за нов мандат во Општина Центар, Горан Герасимовски, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот и кандидат за нов мандат во Општина Центар, Горан Герасимовски, со писателката Ксенија Николова разговараа искрено и отворено за состојбите во културата, поддршката за младите талентирани автори и уметници и културниот идентитет на Општина Центар, се наведува во соопштението од СДСМ.

Се согласија дека на младите луѓе им е потребен вистински простор и соодветни услови за да ги изразат и развиваат нивните креативни идеи. Герасимовски потенцираше дека Општина Центар, како ретко која друга општина, инвестира во квалитетна културна програма и младиот креативен уметнички капацитет.

„Приоритет ни се нашите уметници и творци и затоа имаме најдобра урбана културна сцена во Скопје. Пример за тоа се муралите во Дебар Маало кои се дело на нашите стрит артисти. Концертот „Нешто што ќе остане“ ја промовира македонската музика и изведувачи. Секој настан е резултат на соработка со нашите граѓани, културни работници и здруженија и ја раскажува приказната на Општина Центар,“ истакна Герасимовски.

Реклама

Пример за поддршка на младите автори е и самата Ксенија Николова, чиј роман „Зад маските“ и збирката „Секој цвет има свое име“ излегоа од печат токму со поддршка на Општина Центар.

Герасимовски најави дека во наредниот мандат двојно се зголемува буџетот за култура од 13 на 26 милиони денари, со цел да го задржи приматот во културната понуда во главниот град.