Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Герасимовски: „Нешто што ќе остане“ по четврти пат – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музичка сцена

Општина Центар на 12 септември, во Паркот на Франкофонија по четврти пат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Центар на 12 септември, во Паркот на Франкофонија по четврти пат го организира музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, кои ќе бидат дел од големата музичка вечер со која Општина Центар ќе одбележи голем јубилеј – 50 години од своето постоење.

На денешната прес-конференција, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека јубилејот е уште една причина годинава Центар да ги собере сите генерации на едно место и да го прослави со македонска музика и домашни артисти.

– Оваа година за Центар е навистина посебна – славиме 50 години од нашата општина. Половина век Центар, половина век приказни, генерации, култура и настани што оставиле свој белег. Затоа сакавме овој голем јубилеј да го одбележиме онака како што му доликува – заедно со нашите граѓани и со најдоброто од македонската музичка сцена. „Нешто што ќе остане“ го организираме по четврти пат и особено ми е драго што токму годинава имаме навистина силна програма. Од самиот почеток имавме една јасна идеја – нашите настани да бидат простор за македонските музичари, уметници и автори. Имаме одлични домашни артисти и наша обврска е да ги поддржуваме, да им даваме сцена и публика и да покажеме дека го цениме она што го имаме дома – изјави Герасимовски.

Реклама

Герасимовски ги покани сите центарци, но и сите скопјани, на 12 септември да бидат дел од музичката вечер и заедничката прослава.

– Сакам Паркот на Франкофонија да биде полн со луѓе од сите генерации. Да пееме, да се дружиме и заедно да прославиме 50 години Центар. На крајот, токму тоа е и суштината на овој настан – да создадеме убави моменти и спомени, нешто што навистина ќе остане – порача Герасимовски.

Музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ ќе се одржи на 12 септември, од 20 часот, во Паркот на Франкофонија и е отворен за сите граѓани.