Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Герасимoвски: Граѓаните гласаа за личност и резултати, очекувам победа во вториот круг

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека граѓаните ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека граѓаните ја препознале неговата посветена и одговорна работа во изминатите четири години и дека очекува победа во вториот круг, се наведува во соопштение. 

Герасимовски посочи дека лично им честитал на двете кандидатки, кои излегоа од трката, за одличниот успех. Не разговарале за политичка поддршка туку за квалитетните програми и предлози што ги понудиле кандидатките.

„Сметам дека нивните идеи и предлози можат да се вклучат во нашата програма во следниот четиригодишен мандат. Верувам дека поголемиот дел од гласачите кои гласаа за нив ќе ми дадат поддршка и дека ќе имаме голем број гласови во вториот круг. Центарци знаат да проценат и да го изберат најдоброто, а тоа е концептот за Центар што заеднички го сакаме,“ рече Герасимовски.

Реклама

Запрашан на што се должи повисоката поддршка за него како кандидат, со 2500 гласа повеќе отколку за советничката листа на СДСМ, Герасимовски посочи дека тоа е доказ дека граѓаните ја препознале неговата лична ангажираност и резултатите постигнати во изминатите четири години.

„Тоа покажува дека граѓаните на Центар знаат да препознаат. Тие ја тргаат политиката настрана кога станува збор за локалната самоуправа и ја вреднуваат нашата заедничка соработка од претходниот мандат, поради што поддршката е поголема од онаа за партијата. Граѓаните ја препознаа работата на локалната самоуправа и на градоначалникот кој четири години работеше за нив, а не за политички интереси. Така ќе продолжиме и следните четири години, граѓаните гласаа за личност, и за мене е чест што го вреднуваа тоа што заедно сме го постигнале, што се потврдува и со резултатите од првиот круг,“ изјави Герасимовски.

Герасимовски истакна дека на овие избори имало околу 1.500 неважечки ливчиња, што е поголем број во однос на претходните избори.

„Ова ќе го анализираме во наредниот период. Станува збор за 4 листи со голем број партии и кандидати, па е можно дел од грешките да се направени ненамерно при заокружување. Можно е и револт на одреден дел на граѓаните кои свесно го поништиле гласачкото ливче. Во секој случај, анализата ќе ја покаже точната слика,“ рече градоначалникот.