Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Герасимовски: Центар го прослави фолклорот и традицијата со играорците од „Орце Николов“, ДКЦ „Карпош“ и етно работилници

Под мотото „Фолклорот како живо наследство“, Општина Центар организираше културно-едукативен настан во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Фолклорот како живо наследство“, Општина Центар организираше културно-едукативен настан во Паркот на Франкофонија, со настапи на Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“ и фолклорните групи од Детскиот културен центар – Карпош.

Од Општината наведуваат дека играорците, пред публиката, се претставија со богат репертоар од разновидни ора, народна музика и раскошни македонски носии, создавајќи атмосфера на поврзаност и заедништво.

Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека токму со вакви настани кои се отворени и достапни за сите, културното наследство станува жива материја која сплотува и не потсетува на традицијата и заедничките вредности.

Реклама

-Со афирмација на народната игра и песна не само што ги чуваме нашите корени, туку создаваме и траен мост меѓу генерациите – рече Герасимовски.

Оттаму додаваат дека во рамки на настанот беа реализирани и етно-креативни работилници за деца, каде најмладите преку интерактивен пристап се запознаа со народните обичаи, традиционалните ракотворби, носии и богатството на македонскиот фолклор, со поддршка од етнолози и етнокореолози.

Настанот е дел од културната програма на Општина Центар за 2026 година и има за цел да го доближи автентичниот народен дух до младите и да поттикне поголема свест за негово негување и зачувување.