Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Георгиевски: Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ ќе изградиме нова спортска сала

Актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Општина Илинден од ВМРО-ДПМНЕ, Александар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на Општина Илинден од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Георгиевски денеска најави дека во основното училиште „Браќа Миладиновци“ ќе изгради нова спортска сала.

Георгиевски истакан дека во изминативе години, вложил значајни ресурси за развој на спортската инфраструктура.

-Со јасна цел, да создадеме современи услови за активно и здраво живеење на граѓаните, а особено, на младите генерации. Во наредниот мандат продолжуваме со исполнување на таа цел. Токму на ова место во основното училиште „Браќа Миладиновци“, ќе изградиме нова спортска сала. Со што, ќе обезбедиме современ и функционален простор, за физичко образование, спортски активности и рекреација на учениците, рече тој.

Реклама

Потенцира дека овој објект ќе ја подобри спортската инфраструктура во училиштето, ќе овозможи организирање на повеќе спортски настани и ќе придонесе за здрав и активен начин на живот кај младите.

Георгиевски најави и дека постоечката спортска сала ќе ја пренамени во нови училници, со што освен во основните училишта „Гоце Делчев“ и „Ристо Крле“, ќе се воведе едносменско работење и во ова училиште.